Доживотен затвор за тинејџер кој уби две учителки во училиште во Шведска

Доживотен затвор за 18-годишникот за убиство на две учителки во средно училиште во Малме, Шведска, пред речиси 6 месеци.

Покрај затворската казна, тој ќе треба да плати околу 1 милион шведски круни како компензација на роднините на починатите, објави судот во Малме.

Момчето признало дека нападот го извршило на 21 март.

Тој, меѓу другото, бил вооружен и со секира. Бил уапсен откако самиот го пријавил делото.

На третиот кат од гимназијата, полицијата затекнала две тешко повредени учителки и 18-годишна ученичка. Двете жени им подлегнале на повредите.