Под мотото Скопје чита од денеска па до понеделник во македонската метропола се одржува Фестивал на книгата, на задоволство на сите љубители на пишаниот збор.
Работното време на Фестивалот трае од 10:00 до 20:30 часот, а билетите по цена од 50 денари може да се набават на билетарите пред влезот. Местото каде се одржува Фестивалот е кај поранешниот картинг пред СЦ „Борис Трајковски“.
„И покрај купените книги, ќе имате можност да доживеете една поразлична атмосфера со добрата музика на неколку DJ-и, додека за закуска и пијалак ќе се погрижи Food & Drink corner-от каде ќе може да си земете храна и пиво“, порача организаторот.
Љубителите на книгата можат да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца.