Османи: Сѐ додека сум министер, Ејупи нема да биде кандидат за конзул

Шпекулациите ги демантиравме тогаш. Личноста не е кандидат за конзул, туку помлад соработник, почетничка позиција во МНР. Додека сум јас министер, нема да биде кандидат за конзул, порача шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање.

Османи информираше дека после шпекулацијата за местото конзул, Ејупи била вработена во општина Петровец.

-Затоа не ми е јасна нивната позиција. Потоа во Министерството за политички систем, па преку скоро преземање во МНР, појасни Османи.

Уште во месец февруари министерот демантираше дека има одлука за испраќање на Бесмира Ејупи во македонскиот конзулат во Њу Џерси, САД.

-Шпекулации се информациите. Уште вчера портпаролите демантираа. Ние имаме конзул во Њу Џерси, Јордан Панов и тој има мандат до 2023 година. Не можам да кажам зошто тие нецелосно информации излегоа од затворената седница на Владата, затоа што изнесување информации од таква седница е казниво со закон, рече тогаш Османи.

Според него, сите имиња за конзули и дипломати, додека не се добие потврда од земјата каде што се испраќаат, се доверливи и не можат да се објават.