Рускиот претседател рече дека европските повици за ограничување на цената на рускиот гас се „глупави“ и само ќе доведат до повисоки светски цени и нови економски проблеми во Европа.
Како што рече, Русија ќе се повлече од договорот за снабдување со гас доколку Западот продолжи со своите планови за ограничување на цената на гасот.
„Дали ќе има политички одлуки кои се во спротивност со договорите? Да, нема да ги исполниме. Нема да испорачаме ништо што е во конфликт со нашите интереси. Нема да испорачаме гас, нафта, јаглен. Нема да испорачаме ништо!“, се закани Путин.
Путин рече и дека Русија „ништо не изгубила и нема да изгуби ништо“. Дури, како што истакна, Русија „само го зајакна својот суверенитет“.
Тој се осврна и на обвинувањата за кршење на меѓународното право. Како пример ја наведе војната во Ирак, бомбардирањето на Југославија и Белград, кои не беа одобрени од ОН, како и актуелните обвинувања против Москва.