Две момчиња од Виница и Кочани загинаа во тешка сообраќајка во Италија

Малолетни момчиња од Македонија, на 16 и 17-годишна возраст загинале во сообраќајна несреќа во Италија, јавија тамошните медиуми.

Информациите се декатие со автомобил „фиат пунто“ се судриле во „голф“ на локален пат во областа Аки Терме, а несреќата се случила додека имало невреме со силен дожд, објави порталот „Нуова Провинча“.

Веста ја пренесоа повеќе италијански портали, а медиумите од Кочани објавија дека момчињата, со иницијали С.С. и М.Г., се по потекло од Кочани и од Виница.

Момчињата во автомобилот биле со уште двајца нивни другари. Момчето што го управувало автомобилот ја добило дозволата само два дена претходно.

46-годишниот возач на „голфот“ бил само полесно повреден во несреќата.

Група млади луѓе први пристигнале на местото на несреќата за да им помогнат на преживеаните, кои биле заробени во полууништените автомобили. Младите успеале да ги алармираат надлежните и покрај проблемот со слабиот телефонски сигнал во околината.