Викенд ковид извештај: 254 новозаразени и 4 починати за три дена

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 02.09 до 04.09.2022):

Направени се 1.308 тестови, а регистрирани се 254 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 143, Битола – 22, Охрид – 11, Куманово – 10, Тетово – 9, Кавадарци – 7, Велес – 6, Кичево и Кочани – по 5, Прилеп, Гостивар и Штип – по 4, Струмица и Гевгелија – по 3, Неготино…

Од вкупниот број на позитивни (254), регистрирани се 61 реинфекции. Регистрирани сe и 412 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите три дена (02.09 – 04.09.2022) пријавени се 4 починати лица, од Скопје (76г), Пробиштип (62г), Велес (88г) и Виница (86г).

Сите лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата бројот на оздравени пациенти е 330.153, на починати е 9.499, а бројот на активни случаи изнесува 1.296.