Пике револтиран по раскинувањето со Шакира се заканува со тужби и забрана за приближување

По раскинувањето на долгогодишната врска со Шакира, фудбалерот на Барселона Жерар Пике се најде во центарот на медиумските случувања, а потоа секој негов чекор беше под будното око на јавноста.

Фудбалерот и пејачката објавија дека на нивната љубов и дојде крајот, а пејачката оттогаш им се посвети на синовите Саша и Милан, додека фудбалерот често се фотографира на различни места со својата нова девојка.

Овој некогаш хармоничен пар важеше за еден од омилените, па сите се изненадија кога ја слушнаа веста за раскинувањето, а наводната прељуба на фудбалерот дополнително беше шокантна, па изгуби многу фанови.

На фудбалерот не му се допаѓа ваквото медиумско внимание, па реши да излезе со официјално соопштение во кое меѓу другото нагласи дека поединци ќе ги гони легално. Со оглед на тоа што се појавија бројни лажни информации кои му ги нарушија секојдневните обврски, Пике реши да застане на патот.

Ова е соопштението кое го пренесоа од неговиот „тим“:

„Откако Шакира и Жерар Пике потврдија дека се разделуваат на 4. јуни, во јавноста беа објавени разни гласини и непроверени информации кои се однесуваат на нивната приватност. Имаше и неколку фотографии кои не само што ја погодија честа и имиџот, туку и децата, чија безбедност е примарна на овие познати родители. Некои медиуми будно ги следат, папарацо фотографи, што секако благо кажано го вознемирува нашиот клиент. Истото важи и за пријателите на поранешните сопружници и сите блиски до нив. Пике отсекогаш ја почитувал седмата сила и е свесен за улогата што ја игра во нашето општество. Но, бидејќи некои ги поминаа сите граници, тој е принуден на драстични мерки. Ќе има заштитни мерки, па дури и тужби за сите оние кои лошо ќе влијаат врз нивниот живот и ќе ги загрозат основните права на наследниците. Целта на фудбалерот е пред се да ги заштити и да им го обезбеди потребниот мир. Нашиот клиент би сакал да им се заблагодари на одредени медиуми што го третираат со почит дури и во овој момент. Што се однесува до се друго, тој се надева дека се ќе биде решено на најдобар можен начин – соопштија од тимот на Пике.