КСС бара јавниот сектор да работи од 9 до 15 часот
Јавната администрација да работи два часа помалку за да се заштеди, односно од 9 до 15 часот, предлага Конфедерацијата на слободни синдикати. Целта е јавниот сектор да работи со скратено време за максимално да се искористи дневната светлина кога е најтопло во текот на денот, а со тоа дополнително ќе се заштеди за компаниите, кои и онака не знаат како ќе ги платат високите сметки.
Бараат итно да профункционира социјалниот дијалог за да им се помогне на работниците, бизнис секторот и јавно-комуналните претпријатија побезболно да ја пребродат енергетската и економската криза, како и да се субвенционира струјата во индустриските капацитети и комуналните претрпијатија, велат од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).
КСС предупредува дека последиците од енергетската и економската криза најмногу ќе ги почувствува работникот.
„Овие две години се намалуваат и вработеноста и невработеноста. Тоа јасно покажува дека државата оди во погрешна насока, затоа и многу луѓе се иселуваат. Ние сме феномен во соседството, на Блаканот и во Европа. Ќе се соочиме со се поголем број граѓани кои ќе дават отказ и ќе на ја напуштаат државата. Oд почетокот на КОВИД-кризата до денес во земјава се изгубени 120.000 работни места“ велат од КСС.
Оттаму посочуваат дека „енергијата што ќе се заштеди од јавните институции да им се даде како помош на бизнис секторот и јавно – комунлните претпријатија за да се спречат поголеми ценовни шокови“.