Страшна несреќа се случила синоќа во Индија во забавен парк. 50-ина луѓе се наоѓале на 15 метри високата вртелешка, која се урнала.
За среќа во несреќата нема загинати, но повредени се 16 лица, меѓу кои жени и деца.
Според извештаите на локалните медиуми, неколку деца на возраст од 10 години биле згрижени во болницата.
Од забавниот парк изјавиле дека имало технички проблем и дека ќе соработуваат со полицијата во текот на истрагата.
Srušila se vrteška u Indiji. Među povređenima i žene i deca. pic.twitter.com/miMqGCeJr8
— Kalabaster (@KalabasterJak) September 5, 2022