По два месеци од почетокот на претседавањето со ЕУ, во македонското Собрание ќе бидат презентирани приоритетите на Чешкото претседателство.
Амбасадорот на Чешката република во земјава, Јарослав Лудва, како што е наведено на собраниската веб-страна, ќе ги презентира Програмата и Приоритетите за работата на чешкото претседателство со Советот на Европската унија за периодот јули – декември 2022 година, пред членовите на Комисијата за европски прашања.
Мотото на чешкото претседавање е „Европа како задача: преиспитај, обнови, зајакни“, а нејзини приоритети се управувањето со размената на бегалци и повоената реконструкција на Украина, енергетската безбедност, зајакнувањето на европските одбранбени капацитети, отпорноста на европската економија и демократската институции.
За 18 години, колку што е членка на ЕУ, Чешка по вторпат претседава со Унијата.
Чешка го презема претседавањето од Франција на 1 јули, а од 1 јануари 2023 година Шведска ќе биде на чело на ЕУ.