Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Софија, поврзана со енергетската криза.
Ковачевски и делегацијата од ресорите економија и енергетика во Софија заминуваат од Белград, каде премиерот ја предводеше владината делегација на Првиот меѓународен саем за вино „Винска визија Отворен Балкан на Белградскиот саем“ во рамки на Самитот на иницијативата ОБ, каде беше најавена соработка со цел обезбедување доволни количини струја за стопанството и граѓаните во регионот.
Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков вчера изјави дека сериозно се подготвуваат за посетата на премиерот Ковачевски на Бугарија.
Од АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) вчера информираа дека ќе бидат вклучени во реализација на договорените проекти за справувањето со енергетската криза кои ќе произлезат од иницијативата Отворен Балкан и од другите форми на соработка меѓу земјите во регионот, чие директно спроведувања во енергетиката ќе треба да тече преку АД ЕСМ.