Советникот на Володимир Зеленски, Антон Герашенко, на Твитер напиша дека војникот Максим Махринов се разнел во окупираниот Токмак, при што убил двајца Руси. Тоа го направил, пишува понатаму Герашенко, откако бил обвинет дека ги дал координатите на руските бази во градот на украинската армија. Тоа е град во регионот Запорожје.
„Тој се обиде да помогне во ослободувањето на Токмак. Неговите последни зборови беа „Слава на Украина“. Почивај во мир херој“ – напиша Герашенко.
Partisan Maksym Mahrynov blew up himself & 2 Russians in occupied Tokmak when they came to blame him for giving coordinates of 🇷🇺 bases in the town to 🇺🇦 Army.
He tried to help liberate Tokmak.
His last words were "Glory to Ukraine!"
RIP, Hero.
Source: Ria Melitopol/Telegram pic.twitter.com/2PREPSAGow
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 3, 2022
Според други извори, руските сили упаднале во куќата на Махринов. Како извор за неговите последни зборови се наведуваат сведоци. Сепак, сè уште не е можно самостојно да се потврди оваа информација.