Кремљ ја обвинува Европската унија за прекинот на испораката на гас преку објектот Северен тек 1 за европските земји, објави новинската агенција Интерфакс. Во телевизиска емисија, портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, ги обвини Европејците дека носат „апсурдни одлуки“.
„Ако Европејците носат апсолутно апсурдни одлуки, без разлика дали одбиваат да ги одржуваат своите системи или системите на Гаспром, тогаш вината не е кај Газпром, туку кај политичарите кои одлучија да применат санкции“, рече тој.
Европејците се договорно обврзани да ги одржуваат системите на рускиот енергетски гигант Газпром, рече Песков.
Гаспром во петокот вечерта објави дека нема да продолжи со испораките на природен гас за Германија преку Северен тек 1 поради истекување нафта во компресорската станица во Портоваја.
Германскиот канцелар Олаф Шолц претходно во неделата изјави дека „Русија на Путин ги прекршила договорите“, дека извесно време не ги исполнува своите обврски за испорака и дека „повеќе не е сигурен снабдувач на енергија“.
Германската влада смета дека ова оправдување е лажно бидејќи компанијата Сименс тврди дека истекувањето на нафтата може рутински да се поправи и не е причина за запирање на испораките.