Премиерот на Албанија, Еди Рама смета дека Москва го подгрева конфликтот на Балканот и го загрозува кревкиот мир, со тврдење дека Русија би била задоволна доколку нешто почне во насока на конфликтот во регионот.
„Дали сте слушнале колку пати Путин го спомнува Косово во своите говори? Постојано повторува: „Косово, Косово, Косово“. Шефот на Кремљ го поттикнува најболниот од сите нерешени проблеми на Балканот и прави се за да запали нов фитил“ вели Рама во интервју за германски „Шпигел“.
Тој порачува дека симпатиите кон Москва се силни и во Србија и во Република Српска.
„Осумдесет отсто од православните Срби позитивно мислат дека Путин само му покажува заби на Запад во Украина, ако можете да го кажете тоа“ смета Рама.
Албанскиот премиер повтори дека „одлуката за независноста на Косово е правилна“.
„На крајот на денот, сега има процес на мир и помирување, иако овој процес ќе трае долго“ – рече Рама.