Полицијата ноќеска „улови“ 155 пијани возачи

Во текот на изминатата вечер (03/04.09.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македонија, при што санкционирани се 155 возачи.

Од нив 27 на територија на СВР Битола, 23 на територија на СВР Скопје…

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“ – се вели во соопштението на МВР.