„Сериозно се подготвуваме за утрешната посета на македонскиот премиер Димитар Ковачевски на Бугарија“ коментира бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков во интервју за неделната програма „Недела 150“ на БНР.
Според Милков, односите меѓу Бугарија и Македонија имаат многу димензии, тие се повеќеслојни и не можат да се мерат со прашањата за снабдување со електрична енергија од Бугарија во Македонија.
Милков вели дека очекува да се разговара за широк спектар на прашања и да се направат видливи чекори за решавање на сите прашања.
„Работите ќе се разгледуваат во нивната меѓусебна зависност“ – рече Милков и додаде дека кога ќе дојде премиер од соседна држава, треба да се постават сите прашања кои би биле од интерес за двете земји.