Полицаец повреден во пукотници во скопски Чаир

Синоќа во скопската населба Чаир едно лице е повредено во пукање, а неофицијално станува збор за полицаец кој во моментот не бил на службена должност.

Според информациите, повредениот го познавал лицето кое пукало во него.

Од МВР соопштуваат дека имало пукање и повредено е лице со иницијали Р.М.

„Вчера во 21.16 ч од Ургентниот центар на „Мајка Тереза“ пријавено е дека кај нив е донесен Р. М. (24), повреден од огнено оружје на ул.„Методија Митевски“ во Скопје. По кажување на Р.М., во него пукало лице од с.Арачиново“ информираат од МВР.

За денеска најавија повеќе детали околу целиот случај.