Екс-претседателот на САД, Доналд Трамп (76) го нарече актуелниот прв човек на земјата – Џо Бајден „државен непријател“.
Трамп ова го изјави на првата партиска средба откако ФБИ изврши претрес на неговиот имот на Флорида, во потрага по доверливи документи.
Пред приврзаниците во Пенсилванија, Трамп го обвини Бајден дека го користи ФБИ против него, пренесува „Би-Би-Си“.
Рече дека рацијата на ФБИ на неговиот имот била „една од најшокантните злоупотреби на моќ од која било администрација во американската историја“.
TRUMP on Biden's speech: "The most vicious, hateful, and divisive speech ever delivered by a [U.S.] President… you're all enemies of the state. He's an enemy of the state, if you want to know the truth. The enemy of the state is him and the group that controls him." #TrumpRally pic.twitter.com/ImTkCtTBMS
— Newsmax (@newsmax) September 3, 2022