„СДСМ преку институциите кои ги предводи презема навремени мерки за заштита на стандардот на граѓаните и обезбедување на соодветно количество енергија и храна во пресрет на една од најтешките зими поради глобалната економска и енергетска криза“ информираат од владејачката партија.
Оттаму порачуваат дека „зголемено е домашното производство на струја, се ставаат во функција сите расположливи капацитети и енергетски потенцијали, како и од нови обновливи извори на енергија. Со последната одлука, обезбедени се нови 50 милиони евра на ЕСМ, да може дополнително да го зголеми производството, а на сила се и мерките за заштеда на струја. Државата обезбедува субвенционирање на 80% од цената на сметката за струја за граѓаните, а граѓаните плаќаат само околу 20% од цената“.
„Во овој момент сите граѓани, но и 72.000 мали потрошувачи, а тоа се помалу приватни компании добиваат 80% субвенционирана цена на електрична енергија. Со ребалансот на Буџетот се издвоени 76 милиони евра за нови мерки за помош“ порачуваат од СДСМ.