Потпретседателката на Аргентина, Кристина Киршнер (69), вчера била нападната со пиштол, но напаѓачот не пукал во неа, па набрзо потоа бил уапсен.
Аргентинските медиуми прикажаа снимка од напаѓачот како нишани по главата на Киршнер додека таа излегува од автомобилот што ја донесе дома.
Напаѓачот не испукал од пиштолот, а Киршнер останала неповредена.
— wow (@s0loexisto) September 2, 2022
Инцидентот се случил на влезот од нејзината куќа во Буенос Аирес, каде во последните денови се собираат стотици демонстранти за да и дадат поддршка на поранешната претседателка, која сега е среде судење за корупција.
Мажот бил во толпата луѓе кои чекаа да ја поздрават и од неа да побараат автограм за нејзината автобиографска книга.
Кристина Киршнер (69) е обвинета за измама и корупција во врска со доделувањето јавни договори во нејзиното упориште Санта Круз.