Премиерот на Косово, Албин Курти денеска соопшти дека е започната замената на регистарските таблички на Република Србија со оние на Косово и дека овој процес ќе трае до 31 октомври, вкупно 61 ден, а ќе се спроведува во 34 општински центри за регистрација на возила. .
Курти им се обрати на граѓаните на Фејсбук на српски јазик и рече дека на Косово има вкупно 401.945 автомобили со косовски регистарски таблички, од кои десетици илјади се во сопственост на малцинските заедници.
Тој додаде дека оние кои треба да се конвертираат сочинуваат само околу два отсто од нив.
„Ги повикувам граѓаните на Република Косово, сопственици на автомобили со регистарски таблички „ПР“, „КМ“, „ПЗ“, „ГЛ“, „УР“, „ПЕ“ и „ЃА“ да ги конвертираат во РКС регистарски таблички во следните два месеци, при што се ослободени од даноци и давачки до 5.000 евра“, сподели тој на Фејсбук.
Тој рече дека овие таблички се наследство на Слободан Милошевиќ, кој се обидува „да ги држи граѓаните од српска националност во минатото и во изолација“.