Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на чиј дневен ред е утврдувањето предлог за избор на судии на Уставниот суд.
Утврдување предлог – одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието како и утврдување предлог одлука за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (НАТО), се на агендата на денешната седница.
Пратениците членови на Комисијата ќе расправаат и по предлог одлука за изменување на Одлука за утврдување на составот на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ), за предлог – одлука за избор на шеф и членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК), за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици – членови на Националниот совет за евроинтеграции, како и за утврдување предлог одлука за дополнување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави.