Италијанскиот шампион Милан добива нови сопственици – „РедБирд Капитал“

„РедБирд Капитал“ се нови сопственици на фудбалскиот клуб Милан.

Американската инвестициска компанија за една милијарда и двесте милиони евра го купи италијанскиот великан од „Елиот Адвајзерс“.

„Запознаени сме со историјата на Милан и сакаме и ветуваме дека ќе го вратиме во врвот на италијанскиот, европскиот а со тоа и на светскиот фудбал. Со добра и квалитетна работа, инвестиции во клубот и паметно функционирање на раководството, ќе бидеме незапирливи“- изјави Гери Кардинале, основачот на „РедБирд Капитал“.