Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со истиот период од претходната година е намален за 6.5% и изнесува 4.379.
Бројот на умрените лица во вториот квартал од годинава е 4 760 и истиот бележи намалување од 33.4% во споредба со лани истиот период. Од починатите, 22 се доенчиња.
Природниот прираст во земјава е негативен и изнесува -381, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на починати лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 7.3 % во споредба со истиот период од 2021 година и изнесува 2.670 бракови.
Во ова тримесечје има 521 извештај за разведени бракови.