Околу 120 дрвја паднаа во Скопје по вчерашното невреме

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ по вчерашното невреме интервенирале на над 34 локации и констатирале дека вкупно 119 дрвја паднале или биле оштетени поради силниот ветер и електричните празнења.

„Во текот на вчерашниот ден од 17 до 24 часот добивме 77 пријави за различни локации и паднати 119 дрвја во градот без оние во Градскиот парк. Од утрово на терен се присутни работниците од Секторите: Дрвореди, Градско зеленило, Вонградско зеленило и Механизација кои работат на повеќе локации се до целосно расчистување и нормализирање на градот. Моментално се работи во Чаир, Топанско поле, Карпош, Партизанска, Аеродром , кај Собрание на Град Скопје и продолжуваме понатаму каде има потреба од наша интервенција. Пријави за паднати дрвја добиваме и во текот на денешниот ден така што нашите екипи се организираат и работат по приоритет се до расчитување на сите локации“ се вели во објавата на ЈП „Паркови и зеленило“.