СДСМ ја обвини локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ за вчерашните поплави во Скопје

Локалните самоуправи предводени од ВМРО-ДПМНЕ и директорите на јавните претпријатија потфрлија при невремето што вчера попладне го зафати Скопје и околината, велат од СДСМ.

„Скопје беше поплавено, улици, булевари, подвозници под вода, паднати дрва и гранки, попречен и отежнат сообраќај, а локалната власт предоведена од ВМРО-ДПМНЕ никаде ја немаше. Над 10.000 домови се поплавени а ЈП Водовод не презеде ништо. Очигледно ниту каналите, ниту шахтите не се проверени навреме и не се исчистени соодветно. Кризен штаб треба да се формира навреме, да биде подготвен за различни ситуации пред невремето. Јавните претпријатија треба да ги исчисти и да ги проверат каналите, шахтите, атмосферската канализација“ соопштуваат од владејачката партија.

Оттаму порачуваат дека „ЈСП Скопје не ги информираше граѓаните за одложените линии, за можностите, ниту ги насочуваше. На терен беше само полицијата и институциите од централната власт а локалната власт никаде ги немаше“.

„Со еден збор, целосно потфрлање на кадрите на Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои се локална власт во Скопје“ – се вели во партиското соопштение.