Силно невреме со пороен дожд, силен ветер и грмотевици попладнево ги зафати источните делови од Скопје.
Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат видеа од невремето кое било најсилно во скопска Кисела Вода.
Сведочењата се дека има паднати дрва и поплавени дворови и подруми во повеќе населби.
Метеоролозите за попладнево и вечерва најавуваат дека ќе продолжи нестабилното време.
Од УХМР информираат дека на повеќе места во земјава е нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во моментов локално невреме има во Штип, Велес, Демир Хисар и Св. Николе.