Борут Пахор: Србија да се откаже од „српскиот свет“

Претседателот на Словенија, Борут Пахор, вчера, говорејќи на отворањето на 17. Бледски стратешки форум, изјави дека Европската унија мора да направи се за да ја убеди Србија да ја зајакне својата политика на ориентација кон Западна Европа.

Оценувајќи дека Србија би била подготвена да ризикува „да се оддалечи од Русија“ доколку добие цврсти гаранции во ЕУ, Пахор рече дека ЕУ мора да направи се за да ја убеди Србија да ја зајакне својата политика кон Западна Европа.

Има три услови Србија да има јасна ЕУ перспектива, рече Борут Пахор.

„Официјалната политика на Србија е да се откаже од идејата за српски свет, да се откаже од поддршката за сепаратистичките аспирации/напори во Босна и Херцеговина, како и успешно да го заврши дијалогот со Косово“ – рече Пахор.