СДСМ: Државата плаќа над 80% од сметките за струја на домаќинствата
„Со мерките се одржува стабилноста на домашната економија, енергетскиот сектор, производството на струја и силно се субвенционира цената на струјата за граѓаните. Приоритет на државата е да го заштити стандардот на граѓаните и семејните буџети. Затоа домаќинствата за сметките за струја плаќаат околу 20 отсто, а над 80 отсто од цената се субвенционира од страна на државата“ соопштуваат од СДСМ.
Од партијата посочуваат дека „домашното производство на струја ќе ја обезбедува целата потребна енергија и максимално ќе се зголеми. Од почетокот на септември започнуваат задолженијата за штедење на електрична енергија во институциите, со кои секоја институција ќе ја намали потрошувачката на струја за најмалку 15 отсто“.
СДСМ најавува дека од наредниот месец следува големо покачување на пензиите, според новата методологија на усогласување на пензиите со растот на трошоците за живот и на платите.
„Платите континуирано се зголемуваат. Според последните официјални податоци, просечната плата во јуни се искачи на 31.869 денари. Покачување на платите од септември ќе има во одбраната, полицијата, образованието и детската заштита. Се подготвуваат и нови антикизни мерки. Со ребалансот на Буџетот веќе се обезбедени 76 милиони евра за антикризни мерки кои што како пакет се подготвуваат за четвртиот квартал оваа година“ велат од СДСМ.