Само за вакцинирани и прележани влез во ресторани, културни, спортски и забавни објекти во Швајцарија
Од понеделник и Швајцарија ги заострува анти-ковид мерките во обид да го спречи петтиот бран на пандемијата и да го спречи ширењето на варијантата Омикрон.
„Само на вакцинирани или луѓе кои прележале сега ќе им биде дозволен влез во ресторани, културни објекти и спортски и забавни објекти, како и на настани во затворен простор“ соопштија од Федералниот совет.
Овие мерки, според нив, треба да го спречат ширењето на заразата меѓу невакцинираните луѓе „бидејќи полесно го пренесуваат вирусот и имаат поголема веројатност да наидат на компликации кога ќе се заразат“.