Во пожар во зграда во јапонскиот град Осака загинаа најмалку 27 луѓе. Огнот бил изгаснат за 30 минути, а првичните претпоставки се дека пожарот е подметнат.
Пожарот избил на четвртиот кат од зградата, каде има Клиника за ментално здравје и општа медицина.
Опожарената зграда е лоцирана во квартот „Кита“ познат по многу трговски центри.