Агенцијата за млади и спорт објави дека јубилејната трка на охридскиот маратон сигурно ќе биде одржана, откако се крена голема бура во јавноста во Македонија, откако вчера беше објавено дека нема да се прослави 60-годишниот јубилеј поради блокирана сметка.
„Нема да дозволиме спортски настан со огромна традиција и препознатлив и во Македонија и во светот да не продолжи со својата традиционална трка. Маратонот во Охрид ја става дражавата на спортската мапа на светот и сигурно ќе си го прослави и 60-годишниот јубилеј, а ние как Агенција за млади и спорт ќе ја превземеме организацијата на охридскиот маратон“, објавија Наумче Мојсовски и АМС.
Директорот на АМС, Мојсовски за утре во 10 часот во Охрид закажа прес-конференција на која ќе бидат образложени сите детали за одржување на маратонот.