Скокнаа цените на нафтата на берзите

Денешниот ден донесе зголемување на цените на нафтата во светот.

Тие се искачија на скоро 95 долари за барел, во услови кога остриот пад на залихите во САД и очекувањата за намалени испораки од Русија до крајот на годината ги потисна во втор план стравувањата од рецесија.

На лондонскиот пазар цената на барелот изнесуваше 94,98 долари, а на американскиот  барелот се тргуваше за 89,10 долари. Цените на нафтата се менуваат од ден на ден.