Бугарскиот претседател – Румен Радев денеска изјави дека ќе го свика Советодавниот совет за национална безбедност за да разговара за односот на Бугарија кон Република Северна Македонија и да бара консензус со сите политички партии во бугарскиот парламент. Тој вели дека за ова прашање е разговарано и со новиот премиер Кирил Петков.
„Бугарија ќе ја отвори вратата на РСМ само со гаранции и заштита на нашиот национален интерес. Доколку успееме да дојдеме до таква одлука, тоа ќе биде историски чин, но да не заборавиме дека овој процес – и навреме и како резултат на тоа е целосно во рацете на земјата кандидат“ рече Радев.