Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика меѓународната заедница да спречи несреќа во нуклеарната централа Запорожје.
„Ако светот сега не покаже сила и решителност да одбрани една нуклеарна централа, тоа ќе значи оти светот ја загубил битката со тероризмот и се препуштил на нуклеарна уцена“ – изјави Зеленски во редовното видео обраќање.
Русија ја презеде контролата врз нуклеарната централа Запорожје, најголема во Европа, набрзо откако во февруари изврши инвазија врз Украина.
Зеленски ја повика Москва да ги повлече своите војници од нуклеарната централа Запорожје. Тој уште еднаш предупреди на последиците од можна нуклеарна катастрофа.