Претседателот на Црна Гора изрази сочувство до семејствата на убиените

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека денешниот настан во Цетиње е невидена трагедија што ја погодува цела Црна Гора.

Ѓукановиќ изрази искрено сочувство до семејствата на загинатите, до сите оние кои ги загубија своите најблиски.

„Длабоко сум потресен од веста за страшната трагедија во Цетиње. Изразувам најискрено сочувство до семејствата на загинатите, до сите оние кои ги загубија своите најблиски. Сите ние како општество мораме да се солидаризираме со нив во овие тешки моменти, твитна претседателот на Црна Гора.

Владата на Црна Гора вечерва ќе прогласи тридневна жалост за големата трагедија што денеска се случи во историската престолнина Цетиње.

Ова, како што пренесува РТЦГ, го напиша црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ на својот канал на Телеграм.

„Се случи трагедија каква што Црна Гора не памети. Ги повикувам сите граѓани на Црна Гора во мислите да бидат со семејствата на невините жртви, нивните роднини, пријатели и сите граѓани на престолнината Цетиње“, напиша Абазовиќ во претходна објава на Телеграм.

Единаесет лица се убиени, меѓу кои и напаѓачот и шестмина се повредени во денешниот инцидент кој се случи околу 16 часот во Цетиње