Чадор уби жена на плажа во Јужна Каролина

Несреќа на плажата во Миртл Бич, Јужна Каролина, пренесуваат тамошните медиуми. „Гардијан“ објави дека чадор за сонце се забил во градите на 63-годишната Тами Перот.

Информациите се дека ветерот го кренал чадорот на плажата во Гарден Сити и тој со шилестиот дел се забил во градите на жената, па таа починала еден час подоцна во болница од траума на градниот кош.

Американската Комисија за безбедност на потрошувачки производи соопштила дека чадорите на плажа имаат шилест крај за да се турнат во песокот, а нивната широка крошна овозможува лесно да бидат фатени од силен ветер доколку не се соодветно обезбедени. Агенцијата проценува дека околу 3.000 луѓе се повредени од чадори секоја година.