Воз прегази тројца мигранти во Грција – спиеле на шините

Воз кој сообраќал во Грција, од Драма кон Солун, рано утринава прегазил тројца мигранти кои спиеле на шините.

Несреќата се случила во гратче кое се наоѓа недалеку од Кавала.

Според надлежните, жртвите најверојатно се странски државјани, илегални мигранти.

Се претпоставува дека во текот на ноќта легнале на железничките шини за да спијат, пренесе „Телеграф.рс“.