Енис Барди ќе го комплетира трансферот во Трабзон

Турскиот шампион Трабзон доби одлично засилување и за домашниот шампионат, но и за Лигата на шампионите во македонскиот репрезентативец Енис Барди кој одбил неколку понуди за да направи трансфер во Турција.

Според информацијата, трансферот ќе чини 3 милиони евра, а сега веќе екс-играчот на Леванте ќе потпише тригодишен договор.

Турските медиуми јавуваат дека Барди ќе пристигне во Трабзон попладнево по што ќе ги изврши лекарските прегледи и потоа ќе стави потпис на договорот.

Трабзон ќе го пријави новото засилување за мечевите со Копенхаген во плеј-офот од Лигата на шампионите. Првиот дуел е во Данска на 16 август, а реваншот на 24 август.

Трабзон утре ја почнува новата сезона во турската Суперлига против Хатајспор на домашен терен.