Акции на полицијата: 13 приведени со дрога во Скопје, Прилеп и други места

Вкупно 13 лица на возраст од 18 до 46 години биле лишени од слобода на 30 и 31 октомври на различни локации во Скопје, Прилеп, Демир Капија, Боговиње и Штип, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Вкупно 13 лица на возраст од 18 до 46 години биле лишени од слобода на 30 и 31 октомври на различни локации во Скопје, Прилеп, Демир Капија, Боговиње и Штип, соопшти Министерството за внатрешни работи.

При полициските постапувања биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, таблети и предмети со прашкаста содржина.

Во Скопје, полицијата привела девет лица, кај кои биле пронајдени марихуана и други материи. Во Прилеп, затворската полиција при преглед на 32-годишно осудено лице пронашла прашкаста материја, повеќе таблети во различни бои и предмети со прашкаста содржина.

Во Боговиње бил приведен 44-годишен жител на селото Пирок, кај кого била пронајдена марихуана. Во Демир Капија, полицијата лишила од слобода 29-годишен жител на Корешница, кај кого биле пронајдени бела прашкаста материја и таблета.

Во Штип, пак, бил приведен 26-годишен скопјанец, откако полициските службеници забележале дека користи марихуана. Тој го фрлил отпушокот, кој потоа бил пронајден и одземен.

„По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информира МВР.