Се зголеми цената на нафтата на светските берзи. Нафтата e поскапа за долар, откако Украина го запре транзитот за јужна Европа.
Руската енергетска компанија „Транснефт“ потврди дека Украина од 4-ти август го сопрела протокот на нафтата, враќајќи ја уплатата за уште на 28-ми јули за август, пред почетокот на ограничувањата поради западните санкции. Украинската компанија „Укртрнаснафта“ не одговорила на барањата за коментар на светските агенции.
Цената на барелот на лондонскиот пазар порасна за 92 центи, на 97,57 долари во однос на претходниот трговски ден. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше за 1,02 долари повисока цена, од 91,79 долари.
Во одвоен извештај Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека барелот референтна кошница нафта на нејзините членки во понеделникот чинел 100,78 долари, што значи дека пораснал за 77 центи во однос на претходниот трговски ден.
До вестите дека Украина ја прекинала испораката на нафтата преки својот дел од нафтоводот „Дружба“ за Унгарија, Чешка и Словачка, зголемените очекувања дека рецесијата ќе ја намали побарувачката на нафта ги неутрализираа грижите во врска со понудата. Пазарот на нафтата, исто така, го почувствува влијанието на преговорите за заживување на нуклеарниот договор со Иран кој би можело да овозможи поголем извоз на иранска нафта.