Загина човек во тешка сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

Еден загинат е епилогот по тешка сообраќајна несреќа што рано утринава се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај „Тајмишка раскрсница“.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила помеѓу товарно возило „Mан“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „Хјундаи“, со скопски регистарски ознаки.

На местото на несреќата починал возачот на возилото „Хјундаи“, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево и се работи на утврдување на идентитетот на лицето.

Со тешки телесни повреди се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје.