Гутереш: Се врати ризикот од нуклеарен конфликт

Антонио Гутереш – генералниот секретар на ОН изјави дека ризикот од нуклеарна конфронтација се вратил по децениското отсуство, и ги повика земјите со нуклеарно оружје да се заложат дека нема да бидат први што ќе го користат.

„Секој напад на нуклеарна централа е „самоубиствен. Се надевам дека тие напади ќе престанат. Во исто време, се надевам дека МААЕ ќе може да добие пристап до централата“, рече генералниот секретар на ОН алудирајќи на нуклеарната централа Запорожје во Украина.

Гутереш тоа го изјави на прес-конференција во Токио, откако присуствуваше на комеморативната церемонија во саботата по повод 77-годишнината од првото атомско бомбардирање во светот.