Трамп: Америка повеќе никој не ја почитува

„Светската заедница ја загуби почитта кон американскиот народ и Америка“ смета екс претседателот на САД, Доналд Трамп.

Тој исто така изрази загриженост дека другите земји во светот повеќе не го почитуваат и не го слушаат Вашингтон.

„САД станаа земја од третиот свет на многу начини. Ние сме по многу нешта земја од третиот свет. Ние сме земја чија економија паѓа, чии синџири на снабдување се нарушени, продавниците не се полни, чии пакети не стигнуваат до адреси и чиј образовен систем е на дното на секоја листа“ рече Трамп.

Според Трамп, главниот проблем на САД е губењето на авторитетот во светската заедница.

„Можеби најважно, ние сме земја која повеќе не ја почитуваат и слушаат во светот. Ние сме народ кој стана шега“ – заклучи тој.