Во Србија над 4.000 нови ковид инфицирани – 9 лица починаа

Досега во Србија се тестирани 10.335.327 лица, регистрирани се 2.164.435 ковид случаи, а како последица од вирусот досега починале 16.356 пациенти.

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 4.182 нови случаи на коронавирус врз основа на 9.787 тестирани примероци, а 9 лица починале.

На болничко лекување се 680 пациенти, од кои 31 се на вентилатори, објавено е на официјалната веб-страница на Ковид-19.рс.