Дмитриј Медведев – заменик шефот на Советот за безбедност на Русија со коментар за изјавата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски дека Киев конфискувал руски имот во вредност од 765 милиони долари.
„Тие нам ни земаат имот на хартија, а ние ним на терен. Со прашањето на конфискација на нелегално стекнатиот имот на киевскиот режим и негово враќање во рацете на Русија успешно се бават нашите оружени сили“ – напиша Медведев на Телеграм.
Владата на Украина усвои декрет на Зеленски за конфискација на имот и актива на Руската Федерација, а станува збор за 903 објекти и 765 милиони долари.
Тој кажа и дека тие средства Киев ќе ги употреби за одбрана и обновување на земјата.