Претседателот на САД, Џо Бајден (79) конечно е негативен на тестот за Ковид-19, но ќе остане во изолација до вториот тест, објави денеска неговиот лекар.
„Претседателот се уште се чувствува многу добро. Со оглед на неговата позитивност за повторно тестирање, за која објавивме минатата сабота, продолживме со секојдневно следење. Утринава неговиот тест за антигенот SARS-CoV-2 беше негативен. Поради големата претпазливост, претседателот ќе продолжи со строгите мерки за изолација до втор негативен тест како што беше претходно опишано“ напиша д-р Кевин О’Конор.
Бајден првпат беше позитивен на коронавирусот на 21. јули, а од изолација излезе во среда, минатата недела.
Три дена подоцна, во саботата, Бајден повторно беше позитивен на коронавирусот, што О’Конор го објасни како случај на „враќање“ на инфекцијата што е забележана кај мал процент од пациентите кои користат антивирусен лек – Паксловид.