Подољак со благодарност за македонската донација на оружје: Укрaина нема да заборави!
Михаило Подољак – советникот на украинскиот претседател Володомир Зеленски на својот Твитер профил се заблагодари за македонската донација на оружје за Украина.
„Пријателот се познава во неволја. Не е важно со каква големина е твојата земја, важно е какво срцето. Многу народи денес ќе покажат повеќе храброст од половина од G20. Како Северна Македонија, која ѝ пружи помош на. Ние никогаш нема да го заборавиме ова“ вели тој.
Тој се заблагодари и за тенковите и авионите кои Северна Македонија ги испрати за Украина во нејзината борба против Русија.
Друг пізнається у скруті. Неважливо, якого розміру твоя країна чи обсяг ВВП, важливо, яке в тебе серце. Багато народів сьогодні виявляють більше мужності, ніж половина G20. Як Північна Македонія, підставивши 🇺🇦 плече у вигляді танків і літаків. Ми ніколи цього не забудемо.
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) August 6, 2022