Утринава во пожар кој зафати двокатна куќа во Стар Дојран настрада жена.
„Пожарот избувнал во куќа на улицата „Маршал Тито“ во Стар Дојран. Бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица, по што во куќата било пронајдено починато женско лице“ – соопштија од СВР Струмица.
Според информациите од Доброволното против пожарно друштво од Дојран, пожарот бил голем и се заканувал да ги зафати околните куќи и блиската борова шума.
„Веднаш по добивањето на известувањето дека има пожар се упативме со две наши возила и две од против пожарната единица од Гевгелија. Пожарот беше силен и веднаш пристапивме кон гаснење.Колку тој беше силен зборува и податокот што дури пет пати ги полневме возилата со вода и некаде околу 11 часот успеавме да го изгаснаме“ – информираат оттаму.
На местото на пожарот бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на жената е дадено на обдукција.