Габриел Бајрам доби уште 30 дена притвор

Судија од скопскиот Кривичен суд оценил дека има реална опасност Бајрам да се даде во бегство и да биде недостапен за органите.

На Бајрам му е поднесена кривична пријава по брза постапка и му е одреден притвор откако минатата недела повредил шанкер и кршел инвентар во ресторан на булеварот „Словенија“ во Скопје, откако тој одбил да им даде чинии за кршење на гостите на роденденска забава.

За насилството се гони и синот на Габриел Бајрам.